По повод 01 октомври Меѓународниот ден за грижа за стари лица а воедно и родендеот на Приватната установа за социјална заштита на стари лица СОНЦЕ-Скопје, по повод празникот 11 октомври, и по повод месецот на слепите лица кога ги прославуваме двата значајни датуми 10.октомври Светскиот ден на видот и 15.октомври -Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации, претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и малдинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје беа дел од работилница односно показна вежба насловена како ЈАС СУМ ЕДИНСТВО НА МОЈОТ УМ И ТЕЛО.

На работилницата практикантите од Државниор училишен центар имаа можност на практичен начин да се стекнат со знаење, умеења и вештини.
Низ работилницата учесниците ги водеше психолог-психотерапевт Татјана Ристова Димова во својство на едукатор на работилницата, а како поддршка беа присутни и социјалниот работник Дарко Велески и физиотерапевтот Александра Инџева.
На работлиницата активно учество зедоа и вработените во Приватната установа за социјална заштита на стари лица Сонце кои дадоа свој несебичен придонес.
Импресиите за слепите и слабовидните лица кои беа дел од оваа работилница, но и импресиите на старите лица кои се корисници на установата беа видливи по насмевките на нивните лица.
Навистина ПУСЗ СОНЦЕ ни укажа дека животот знае да биде магичен и волшебен во секоја доба.Животот е убав и во трето доба, ако за лицата се грижи тим како што е тој во ПУЗС Сонце од Скопје.Навистина пријатен амбиент, еден топол дом.
Меѓуслепите лица се слушна и :Останатите домови се институции, фирми, СОНЦЕ е дом, сонце е едно големо семејство, СОНЦЕ е љубов.СОНЦЕ се грижи за нашите најмили.
На работилницата се практикуваа вештини на психотерапија за корисниците на еден однос базиран на доверба и семејна љубов.
Ние дефинитивно согледавме како да бидеме единство на нашето тело и ум.Слепите лица вежбаа техники на дишење, техники на смирување, итн…

[Best_Wordpress_Gallery id=”354″ gal_title=”nssrm21″]