Општина Велес на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на свечената академија одржана по повод Денот на ослободување на Велес – 9-ти Ноември, му додели највисоко признание – Пофалница за 2019 година.

Се’ додека постои барем едно парче хартија кое не е прилагодено за слепите лица во формат прифатлив за нив, нашата мисија ќе ја сметаме за незавршена. Сами можеме малку, а ова Признание е доказ дека не сме сами. А заедно можеме многу!

Оваа година Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ е збогатена со 4 нови Брајови книги кои финансиски ги поддржа Општина Велес. До крајот на годината, Здружението најавува промоција на 4 нови аудио книги кои се реализираат во соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Искажуваме јавна благодарност до Советот на Општина Велес што ја препозна нашата благородна мисија и ја награди со највисокото општинско признание.

[Best_Wordpress_Gallery id=”370″ gal_title=”Veles17″]