Во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Велес, на 26.04.2016 година, во Градскиот парк, на помошниот терен, беше одржан Општински натпревар во атлетика – фрлачки дисциплини (копје, диск, ѓуле).

На натпреварот учество земаа 12 инвалидни лица од сите категории (телесни, слепи и глуви), меѓу кои и четворица членови на Здружението на слепите лица на Општина Велес.

Секој во својата категорија го даде својот максимум, а резултатите кои беа постигнати се испратени на стручната комисија при НФСРИМ – МПК.

Како дополнување на спортскиот карактер на овој собир, беше одличното дружење и размена на искуства, кое продолжи во просториите на Здружението.

Се надеваме дека постигнатите спортски резултати ќе ги задоволат потребните критериуми за учество на нашите членови на Државното првенство во атлетика.

[Best_Wordpress_Gallery id=”79″ gal_title=”Veles6″]