Според програмата за комисија за активности на жените при НССРМ ,оваа година се одржа семинар на Попова Сапка во хотел Арена,во кој присуствуваа жени од повеќе здруженија на слепи на Р.М и се одржа на ден 01.10-02.10.2016год.

Предвидено беше и реализирано натпревар во ракотворби и тоа плетење со волница во разни бои,и се натпреваруваа во нивната брзина во времетраење од 1 час.Нивните плетки беа преубави ,бидејќи жените слепи секогаш се надарени и својата креативност ја истакнуваат .За првите три најдобри имаше предвидено парична награда,за првото место 1.000 ден,а за второто и третото по 500 ден.Според комисијата составена од три члена прво место го освои Барбара Стефаноска,второ место е Михајлоска Ружа,а трето место Добринка Коцева.Во текот на денот освен активности имаше и организирано прошетка до манастирот ,,Св Наум Охридски,, на Попова Шапка а потоа свечена вечера со музика.Утредента имавме покането доктор кој одржа предавање за дијабетис,како треба да живеат и каква исхрана да користат иако тие тоа добро го знаат тоа и им поделивме флаери со диета за сите жени,исто така освен за дијабетис ,лекарот држеше предавање и за други болести како тироидна жлезда,штитна жлезда. Сите се дружевме,беше прекрасно ,а во иднина се надевам дека ќе продолжиме со други активности,каде слепата жена ќе ги покаже своите квалитети.

[Best_Wordpress_Gallery id=”129″ gal_title=”nssrm3″]