Голбалот кај слепите лица од машката популација важи, за “најважна споредна” работа како, фудбалот воопшто кај мажите.Затоа пред  10 -тина години,покрај редовните регионални,пријателски и Републчкиот натпревар во голбал се востанови и играта четворо меч,  во кој учествуваат по една екипа од четири здруженија на слепи ,членки на НССРМ.На 22.05.2016 год се одигра првиот круг на четворо мечот за ова година на кој домаќин беше Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.

Турнирот се одигра во  спортската сала на ОУ “Војдан Чернодримски”,помеѓу екипите од Здруженијата на:Скопје,Кавадарци,Прилеп и Битола.Четворо мечот се одржа во фер и спортска игра.Натпреварот го водеше Костов Горан, кој важи помеѓу играчите за непристрасен и реален судија.Се играа 6 кола,поединачно играа секоја екипа со секого.Најдобра беше екипата од Кавадарци со постигнати  24 гола,Прилеп,со 16 ,а Скопје и Битола со 11 и 10 гола. За најдобриот голготер, Петров Трајче од екипата на Кавадарци,со постигнати 18 гола , следуваше и парична награда.

До крајот на годината треба да се одржат уште три четворомеча во  Здруженијата на слепи во Кавадарци,Прилеп и Битола.Се надеваме дека како гости на овие турнири Скопското Здружение ке постигне подобар пласман.

Претседателката на Здружението,Петровска Благица која пред почетокот на турнирот ги поздрави учесниците, рече дека не секогаш е битен резултатот но многу е битно  играта да почне и  заврши во спортски дух.