Како секоја година така и оваа Градоначалникот на Општина Неготино г-нот Тони Делков и Општина Неготино по повод 8-ми Ноември денот на Ослободувањето на град Неготино, Здружението на слепи лица на град Неготино организира турнир во игрите на ГОЛ БАЛ кој се одржа на ден 07.11.2017г. (вторник) со почеток од 10,00 часот во салата на Општинското Основно Училиште „Страшо Пинџур“ Неготино каде што учествуваа екипите на Неготино како домаќин, Струмица и Кавадарци. На овој турнир беа доделени дипломи од страна на Градоначалникот на  Општина Неготино г-нот Тони Делков на кое што првото место го зема екипата на Неготино, второ екипата на Кавадарци и трето екипата на Струмица.

Градоначалникот г-нот Тони Делков изрази благодарност до екипите кои земаа учество на овој турнир и вети за понатамошна соработка со Здружението на слепи лица на град Неготино.

Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино г-нот Тони Караев изрази благодарност до Градоначалникот Тони Делков и Општина Неготино и се надева дека оваа соработка и понатаму ќе продолжи .

[Best_Wordpress_Gallery id=”218″ gal_title=”Negotino11″]