Известување од Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ - Скопје

ЈП Градски паркингЈавното претпријатие „Градски Паркинг“ - Скопје, согласно законските одредби им овозможува на лицата со посебни потреби повластени услови за користење на паркинг услугите.

Се повикуваат сите слепи и слабовидни лица (жители на град Скопје) заинтересирани за добивање на повластени паркинг услуги, во периодот од 01.11.2015 година до 01.12.2015 година до ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје, лично да достават уредно пополнети барања или истите да ги пополнат во канцеларијата на ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А - Скопје.
Слепите и слабовидни лица (жители на град Скопје) кои веќе поседуваат електронска чип картица издадена од ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје, потребно е да достават потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза (во оригинал), не постара од 1 (еден) месец сметано од 01.10.2015 година и фотокопија од сообраќајна дозвола.
Документите да се достават во канцеларијата на ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје на адреса ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А, Скопје. Дополнителни информации можат да се добијат на телефон 02 3 215 566 локал 201.
Во случај на неможност слепото или слабовидното лице лично да дојде, во негово име, барањето може да го поднесе член на неговото потесно семејство со приложен документ со кој се докажува нивното сродство (извод од матична книга на родените или извод од матичната книга на венчаните).