Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица

Патека за слепи во ОхридВо Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика  во соработка со Сојузот  на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, секретарот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат низ градов тоа го прават со придружба.

Движењето во Охрид за слепите лица е многу отежнато пред се попради несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на тротоарите. На многу места има отворени шахти кои  исто така се потенцијална опасност, а и разно разните реклами поставени на несоодветно место се проблем за слепите лица, вели Џајковски.unnamed

Секретарот на охридското задружение на слепи лица вели дека нивна заложба во соработка со локалната е поставувањето на звучни семафори. Кај некогашниот Мини-маркет веќе се ставени, но сега во тренд е изградба на кружни токови на фреквентните раскрсници така да ќе за слепите лица ќесе отежне преминувањето на раскрсниците. Апелира до претпоставените во Фондот за комунален развој да поводат сметка при поставувањето на бетонски столпчињата на тротоарите кои се препрека за несовесните возачи кои таму ги паркираат своите возила бидејќи многу пати слепите лица се сопнуваат на нив. Џајкоски бара столпчињата да се повисоки и да се обоени во некоја повпечатлива боја.