По 17 години Здружението на слепи од Неготино во нови простории

Нови простории за Здружението на слепи - НеготиноНад 60 членови на Здружението на слепи лица од Неготино по чекање од цели 17 години, на располагање има нови и опремени простории  со што им се создадени неопходните услови за нормално и редовно фунционирање и извршување на предвидените активности од  програма за работа. На пригодна свеченост (во поранешните простории на Фондот за здравство) градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на претседателот на Здружението Тони Караев и секретарот Даниела Петрова им го предаде клучот од новите простории. Инаку, овој настан е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија чиј претседател Жарко Селковски упати јавна благодарност до градоначалникот Апостолов за одличната соработка што ја имаат и поддршката што од негова страна ја ужива локалното Здружение на слепи лица, додавајќи дека Неготино е една од општините со која Националниот Сојуз има најдобра соработка во Македонија.

Градоначалникот Апостолов истакна дека во изминатите 3 години релациите општина Неготин-Здружение на слепи лица се на највисоко можно ниво и претставуваат пример за успешна соработка, а неговите зборови ги потврдија Претседателот и Секретарот на Здружението кои му се заблагодарија на Апостолов за досегашната поддршка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.