Активности на Здружението на слепи - Скопје

Активности на Здружението на слепи - СкопјеПодатокот , дека жените имат се повеќе обврски ,а  помалку време за себе,за дружење и вежбање со што би го намалиле ризикот од разни заболувања, Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје. го искористи како мотив  за учество на женската трка. Женската трка се организира како промотивна трка на  Скопски маратон,во организација на Сојуз на спортови, а под покровителство на град  Скопје. Се одржа на 10.04.2016 година на патека од 2 километра во гратски парк во Скопје.Од нашето Зружение учествуваа 7 жени,а мегу нив беше и Михајловска Ружа,како највозрасен тркач воопшто помеѓу сите учесници.Тоа покажува дека желбата понегогаш ги победува и билошките години.На трката и предходеше загревање со аеробик вежби, а членовите го искористија преубавото време, останаа на дружење и го проследија целосното прогласување на сите наградени во повеќе категории,со што се заокружи  Манифестацијата.

На 20.04.2016 година во просториите на Здруженето со советници од канцеларијата на Народниот Правобранител, се одржа јавна дебата на тема:Народниот правобранител во заштита на правата на лицата со инвалидност. Во дебатата учествува околу 20-тина наши членови, со издржани дискусии,изнесени лични искуства околу остварувањето на семејно-имотни права и правото на гласање кое беше потенцирано, токму пред закажаните избори.Беше побарано преку народниот правобранител ДИК да донесе акт во кој децидно ке стои: Дека слепото лице може да излезе и да го даде својот глас преку и со помош на придружник на кој најмногу му верува, односно на лицето со кое ке дојде до гласачкото место,а не комисијта да му одредува лице  кое ке му помогне при заокружувањето на гласачкото ливче.    

На 28.04.2016 година на самиот ден Велики четвроток , пред најголемиот христијански празник Велигден,Здружението на слепи и лица со оштетен вид го организираше Велигденскиот хепеник.Овојпат во преубавата црква Св. Архангел и Михаил во  општина Гази баба.Манифестацијата ја реализиравме во соорганизација со општина Гази баба, и многу сме благодарни на градоначалникот Г-дин Тони Трајковски,што веднаш ја привати нашата идеја. Лично тој  беше присутен на манивестацијата ,купи од изложените производи и донираше средства. Нашите жени и годнава се потрудија трпезите да изгледат волжебно од нивните вредни раце беа изработени  и декорирани велигденски погачи, штрудли,пити , мили брод,колачи,вапцани велигденски јајца и се друго што го симболизира,празникот над празниците.    

Учествуваа 15 жени ,и секоја од нив имаше изработено по неколку производи.Заедничка цел ни беше пред јавноста , да се презентира умешноста на слепите лица -членки на Здружението, да се продадат повеќе производи  и  да се соберат повеќе средства. Годинава,повторно  насобраните средства ке бидат доделени на семејства  на наши членови,кој не се приматели на додатокот за слепило и додатокот за помош и нега од трето лица.  

Здружението на слепи и лица со оштетен вид - Скопје со ваквите манивестации и учества,сака да ги покаже  пред јавноста  различните  потенцијали  на слепите лица,и да наметне секаков вид на интеграција во општеството.Од сите вакви дружења произлегуваат , нови идеи и се наметнуваат нови предизвици.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/436-skopje4#sigProGalleria2104cd404a