Велигденска трпеза во Здружението на слепи лица Битола

Великденска трпеза во БитолаКако и секоја година така и оваа традиционално на третиот ден од најголемиот христијански празник Велигден во просториите на Здружението на слепи лица Битола се организира велигденска трпеза од страна на членките на Активот на жени на Здружението на слепи лица Битола.

Акцент на овој настан се става на приготвувањето на велигденската трпеза од страна на слепите жени членки на Здружението со цел запознавање на јавноста со кулинарските вештини на слепата жена.
На овој настан покрај членовите на Здружението на слепи лица Битола присуствуваа и претставници од Советот на Општина Битола, претставници од Унијата на жени на Вмро-Дпмне Битола, како и Директорот на Центарот за социјална работа Битола. Настанот беше проследен од страна на битолските медиуми.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/438-bitola5#sigProGalleria3d372e2558