Атлетика – Велес

Атлетика ВелесВо организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Велес, на 26.04.2016 година, во Градскиот парк, на помошниот терен, беше одржан Општински натпревар во атлетика – фрлачки дисциплини (копје, диск, ѓуле).

На натпреварот учество земаа 12 инвалидни лица од сите категории (телесни, слепи и глуви), меѓу кои и четворица членови на Здружението на слепите лица на Општина Велес.

Секој во својата категорија го даде својот максимум, а резултатите кои беа постигнати се испратени на стручната комисија при НФСРИМ – МПК.

Како дополнување на спортскиот карактер на овој собир, беше одличното дружење и размена на искуства, кое продолжи во просториите на Здружението.

Се надеваме дека постигнатите спортски резултати ќе ги задоволат потребните критериуми за учество на нашите членови на Државното првенство во атлетика.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/442-veles6#sigProGalleria291af026b2