Меѓународен шаховски турнир во Тетово

Меѓународен шаховски турнир во ТетовоЗдружението на слепи лица -Тетово на ден 13.14 и 15 Мај ,по 17 пат го одржа Меѓународниот традиционалниот викенд шаховски турнир на Попова Шапка во хотел ,,Арена,,.Свеченото отварање започна во 15.30 часот а го отвори и првиот потег на шаховската табла го направи преставник од општина Тетово (Сектор за јавни дејности) г-дин Ахмед Ќазими. На Шаховскиот турнир присутни беа 16 шахисти од повеќе здруженија како и од Србија и Косовска Митровица.

Се играше три дена а првото место го освои шахистот Калчоски Лазар од Битола, второто место го освои Селковски Жарко од Тетово, а третото место го освои шахистот Чепанов Миле од Битола, четвртото место го освои Бајрами Зејно од Кичево и петтото место го освои Костадиновски Зоран. За сите пет шахисти имаше и парична награда. Во текот на овие три дена, нашиот Меѓународен традиционален викенд шаховски турнир беше исполнет со многу дружење, размена на искуства во поглед на шахот, и заедничка соработка. Се надеваме дека оваа наша традиција ќе продолжи и во иднина со повеќе активности.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/445-tetovo7#sigProGalleria18626ded74