Слепите од Бугарија, гости во Битола

2На ден 23.05.2016 година Здружението на слепи лица Битола го посетија ученици од училиштето за слепи лица од соседна Р.Бугарија. Претседателот и Секретарот на Здружението на слепи лица Битола ги дочекаа гостите и најпрво ги посетија просториите на Здружението на слепи лица Битола, каде претседателот ги запозна со историјата на Битолското здружение, и му подари по едно звучно ЦД-под наслов „Вечна Битола“, како и по една брошура во која се опишани најпознатите и највпечатливите делови од нашиот прекрасен град.

Здружението на слепи лица Битола како добар домаќин, гостите ги освежи со ладен пијалок, како и со благи солени работи, со што гостите беа презадоволни од дочекот. По посетата на Здружението гостите заедно со Претседателот и Секретраот на Здружението се упатија во центарот на градот Битола, каде гостите прошетаја по веќе познатиот Широк Сокак во Битола. 

Оваа средба е од големо значење за нашето Здружение со што ја продлабочуваме нашата соработка со слепите лица од Република Бугарија.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/448-bitola6#sigProGalleria30a16cffb5