Слепите лица од Кочани во посета на Лесновскиот Манастир

Лесновски манастирНа ден 29.05.2016 година Здружението на слепите лица од Кочани организираше еднодневен излет за своите членови во посета на Лесновскиот Манастир. Во раните утрински часови , 63 члена на здружението со автобус  тргнаа на излет  во весело и убаво  расположение.   Во текот на денот  членовите имаа можност  да го   разгледаат  манастирот  и целиот манастирски  комплекс  со убаво уредениот манастирски  двор. Сакајќи да им ја доближиме убавината и духовното богатство од овие простори од нашата земја ,заедничкото дружење на нашите членови продолжи со посета на манастирот  Св. Спириндон Чудотворец  кој се наоѓа во близина на Злетово.   

Со прошетка и меѓусебно дружење ,воскитувајќи се на прекрасните природни убавини на ова место  неизостана  и посетата на Злетовскиот рибник.  Зедничката  средба  на членовите од  здружението  беше потпомогната  со финансиски сретства  од  спонзорите   ИГМ-Кочани, Осоговка,  печатница   Генекс  и конфекција  Амор  . За сите присутни  ова  беше  убав  ден со надеж  дека ќе се повтори заедничката  дружба,a убавото сончево мајско време придонесе за релаксирана атмосвера на членовите. 

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/451-kocani3#sigProGalleria5ed48ff678