Доделени 12 спортски мајци од Лајонс клубот „Кале“

2Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје ,деновиве имаше,пријатна средба со претставниците на Лајонс клубот “Кале”. Покрај моралната сатисфакција и пофалбите што ги добиваме за нашата работа, тие  материјално подржуват дел од нашите активности,и културно ѓи задоволуваат апетитите на читателскиот дел од нашите членови. Последното Це-де  “Хотелски приказни” снимено со мелозвучниот глас на Г-ѓа  Снежана Липковска беше поделено во 50 примерока, и по тоа како истото се прераскажува помеѓу членовите, знаеме дека сите, што го добиле  го имат и прочитано.Задоволни сме, и од тоа што ги почитуваат нашите желби и интереси и во иднина ке се снима литература од македонски автори  интересна за поголемиот дел од нашите членови.На последната наша средба добивме  12 пара спортски  црвено-плави мајци, кои ке бидат доделени на  првата и втора екипа голбалисти. Веруваме дека ќе им донесат среќа во понатамошните натпреварувања во голбал турнирите ,и ке покажуват добри резултати .

 Прекрасно е чувството, кога  некој ти помага и те потикнува, во организирањето на активностите ,и затоа голема благодарност кон Г-ѓа Снежана Липковска ,Г-дин Мики  Филев и останатите членови на Лајонс клубот “ Кале”.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/453-skopje9#sigProGalleriad201267883