Излет на охридското здружение во Албанија

2Здружението на слепи лица Охрид реализирајќи ги свите програмски активности на ден 12.06.2016 година организира излет со своите членови.

Излетот се изведе во соседна Република Албанија односно беа посетени градовите Поградец и Корча.

Излетот се организира на тој начин што прво се посети Музејот во Заливот на коските во Градиште, а потоа продолживме за Поградец Албанија каде беше организиран доручек и пауза за кафе, а потоа се продолжи во Корча каде што се посети Православната црква и Музејот на град Корча.

Во попладневните часови се вративме во Македонија и го посетивме Манастирскиот комплекс “СВ. Наум“ каде и ручавме во ресторанот Острово.

На излетот присуствуваа преку 45 членови на Здружението на слепи лица Охрид како и нивни придружници.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/456-ohrid5#sigProGalleria999cb64565