Одбележување на 15-ти Октомври во Неготино

1По повод 15 ти Октомври денот на БЕЛИОТ СТАП и јубилејните 70 години од постоењето на НССРМ Здружението на слепи лица на град Неготино го прослави на 14.10.2016г.(петок) во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино. Присутни беа членовите на Здружението на кое беа најпрво запознаени за одбележувањето на 15 ти Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап,имавме и изложба на повеќе тифло-технички помагала кој ни се дадени благодарение на Министерството за труд и социјална политика.На крајот членовите на Здружението беа почестени со мал коктел.

Се надеваме дека во иднина ќе продолжиме и понатаму да го одбележуваме овој значаен ден,ден на БЕЛИОТ СТАП-симбол на слепиот човек.