Јавна дебата во Скопје - Куче водич

1Во рамките на одбележувањето на 15 Октомври, меѓународниот ден на белиот стап и активностите за одбележување на јубилејот 70години од постоењето на Националнот сојуз на слепи на Република Македонија и  Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје,на 14.10.2016 година,во просторите на малата конгресна сала на Саемот во Скопје се одржа јавна дебата.Здружението го искористи присуството на Г-га Сара Бихел од Шветска која престојуваше во Македонија од 14 до 16,Октомври ,и со задоволство ја привати поканата за пренесување на своето  лично искуство како слепо лице, која подолго време користи куче водич.

На дебатата присуствуваа голем број на наши членови. Иако, главната тема беше кучето како водич и како најдобар пријател на слепото лице се дебатираше за повеќе прашања. Г-ѓа Сара , го изгубила видот на својата десет годишна возраст ,а од својата 20-та година го користи кучето како водич.Со својот личен труд успеала во животот,завршила факултет станала писател,член е на здружението на слепи во Шветска.Со задоволство одговараше на поставените прашања и учествуваше во размената на искуствата од нашите членови.Иако кај нас, во Македонија нема член кој има куче водич, познавањата на нашите членови за предноста на поседување на куче водич се опширни и свесни се дека тоа е многу скапа инвестиција.Во однос на законските регулативи се испостави дека и во Шветска не е регулирано со закон користењето во јавна средина на кучето водич,и дека се е оставено на менталитетот на граѓаните.Г-га Сара раскажа и за своите непријатни случки кои ги имала во текот на животот при користењето на кучето во јавни објекти,но дека тоа не треба да ја спречува можноста од користењето на кучето како најверен придружник.Сепак посочи дека на многу места ,за поминување на семафори  и слични други ситуации не може конкретно на кучето да се ослони, до колку нема звучна сигнализација,и дека мора да причека или да праша друг минувач  дали во моментот  може да  помине улица.Се дискутираше и за  другите бенифици кој ги користат слепите лица во Шветска.Околу финансиско-социјалната помош нема некоја разлика но голема помош им се пружа на членовите кој имат потреба од браев ред или друга компјутерска помош за слепи лица, што директно им ја набавува министерството за образование.Според Г-ѓа Сара,најголеми бенифиции  од Европските земји  имат слепите лица  во Англија и Франција

Поради интересното искажување,повеќе од нашите членовите по завршувањето на дебатата  останаа да ги проследат и наредните предавања на Г-ѓа Сара,кој ги имаше истиот ден,во просториите на Скопскиот саем.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/481-skopje14#sigProGalleria53383d83a1