Велигденска активност во Неготино

1Во пресрет на големиот празник Велигден, дел од членовите на Здружението на слепи лица на град Неготино одлучија да направат активност, односно да фарбат велигденски јајца. Членовите беа презадоволни бидејќи и тие се дел од оваа активност да и тие направат убави Велигденски јајца.

Со нивните вредни раце направија да оваа активност биде успешна, исполнета со многу љубов, здравје, среќа, радост и одлучија и понатаму да продолжи оваа Велигденска традиција.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!