Излет во „Скребатно“ - Здружение на слепи - Охрид

150 1Здружението на слепи лица Охрид на ден 02.04.2017 година организира еднодневен излет со своите членови, кој се изведе во излетничкото место “Скребатно“ во близината на Охрид. На излетот учествуваа околу 55 лица, од кои 35 слепи лица 15 придружници и неколку волонтери на Црвениот крст од Охрид.

Првенствено целта на овој излет беше да ги извадиме нашите членови од нивните домови, да се подружат помеѓу себе, да си помуабетат и да уживаат во прекрасната природа.

Но исто така овој излет го искористивме и за едукација на нашите членови од областа на првата помош на тој начин што беше организирано предаване за пружање на прва помош за симптомите на висок притисок, висок шеќер во крвта како и нагло паѓане на шеќерот во крвта и кои дејствија треба да се превземат при овие појави и при други незгоди или повреди. Исто така на нашите членови им беше измерен крвниот притисок и им беа давани одредени совети. За оваа цел беа искористени волонтери од Црвениот крст кои помогнаа во реализацијата на овој излет. Исто така беа изведени спортски активности како што беше играње на шах, домино и карти. 

На членовите им беше обезбеден доручек и ручек, а една од поинтересните случки беше и таа кога на волонтерите од Црвениот крст им ги врзавме очите со марами и истите на тој начин ручаа со нашите членови. Целта на ова беше да почувствуваат како е чувството да се јаде без можност на вид и како би почувствувале кои се можностите и предизвиците на слепите лица во текот на оброкот.

Секако неизбежно на овој излет беше и музиката. Со оглед дека во нашето здружение имаме добри музичари кои ни овозможија прекрасна дружба добра музика и весели песни и ора.