Одржано градското првенство во шах – Скопје

1Според динамиката на активностите предвидени во програмата на спортската комисија при Здруженето  на слепи и лица со оштетен  вид Скопје, викендот на почетокот на месец април се одржа градското првенство во шах. Првенството се играше со веќе востановените стандарди и правила по кои години наназад се одржува и од кој се селектираат најдобрите шахисти. Се играше посебно машкиот од женскиот турнир, но за жал и годинава ќе констатираме дека интересот на  подмладокот за ова најинтелигентна игра со која слепите лица се истоветуваат со сечулната популација, разочарува.

Искрата надеж, што минатата година се појави како млад учесник, за што верувавме дека ќе повлече и ќе заинтересира и други  шахисти, многу бргу згасна. Верувавме, со оглед на тоа дека во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, кое го сметаме  за  расадник на учесници во сите активности, каде што редовно се одржува шаховската секција, со членови и од Скопското Здружение, за што има и платено стручно лице, некако ќе се наметне интересот за шахот. Очигледно, како и кај општата популација, посебно кај помладите, информатичката технологија, интернетот, ги засенува сите други активности. Најстрашното е во тоа што многу наши членови со ваква пасивност не можат да си го откријат и самите сопствениот потенцијал.

Првенството се одигра во фер и коректна игра, бидејќи пред тоа на одржан состанок со сите шахисти се елиминира прашањето за некаква или повисока дневница за учество на шаховски турнири во организација на нашето Здружене, или турнири организирани од други Здруженија членки на НССРМ на кој учествуваат шахисти од нашето Здружение. Првите шест пласирани од машките учесници, и четири од женските од годинашниот турнир, се стекнаа со правото изменично во текот на 2017 година, да учествуваат на шаховски турнири кои ќе бидат организирани од Здруженијата - членки на НССРМ, а првите двајца од машките и првопласираната од женскиот турнир, ќе имат право да учествуват на меѓународни турнири. На меѓународни и локални турнири ќе учествува и Костадиновски Зоран кој од 2016 година  директно е пласиран во Републичкото државно првенство.

Шахистите и организаторите, беа задоволни од тоа, како шаховскиот судија Владимир Владимиров го водеше турнирот. 

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/513-skopje20#sigProGalleriab85e685826