Учество на женска трка

DSC01558На 09-ти април 2017 година се одржа 5-тата по ред женска трка, како дел од промотивните трки на Виз Ер, Скопски маратон. Екипа од најактивни жени, членки од нашето  Здружение, и годинава беа дел од Авицена женската трка, во организација на Сојуз на спортови, а под покровителство на Град Скопје. Како што расте бројот воопшто на пријавените учеснички кој годнава достигна до 1.500 жени, така расте и бројот од екипата од нашето Здружение. Во екипата и годинава ја имавме највозрасната учесничка Михајловска Ружа, која го задржа приматот на највозрасен тркач од нашите членови, но во конкуренција со останатите, на иста возраст го постигна скоро истото време. Женската трка е влезена во календарот на европската атлетска асоцијација, со што ние како регуларно пријавена екипа ќе бидеме спомнати како учеснички во ваква манифестација.

Преубавото пролетно време и сплотеноста меѓу екипата ни даде сила и енергија без никаков напор да се истрчат двата километри, од стартот до целта, и во време со кое не заостанавме зад многу други натпреварувачки. Сепак битно е учеството на ваква голема и јавна манифестација, на која како целна група се појавуваме и ние, а беше посебно истакнато во најавата пред почетокот на манифестацијата дека учествува и екипа од Здружението на слепи и лица со оштетен вид  Скопје. Пред почетокот на стартот на трката претходеше загревање со аеробик вежби, и сите во ритмот на соодветна музика се опуштија и искористија стручни мислења, како понатаму индивидуално да применуваат конкретни вежби. Нашата екипа остана до крајот на манифестација и ги проследи прогласувањата на сите победници во одредени категории.

Се надеваме дека идната година, на 6-тата по ред женска трка ќе се појавиме во поголем број, а дотогаш очекуваме да се пријават на Скопскиот маратон 2017 повеќе наши членови.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/514-skopje21#sigProGalleria8e3653d964