Предпрвомајска прошетка

2Здружението на слепи лица на град Неготино организираше пред првомајска прошетка до Кратово и Лесновскиот Манастир – Пробиштип. Членовите воодушевени од оваа пред празнична прошетка со големо задоволство се приклучија кон истата.

„Иако со очите не гледаме, но сепак со душата ја чувствуваме убавината на Македонија“ - кажа еден од членовите, бидејќи четирите ѕидови се секојдневие во нашиот живот. Прво беа посетени Куклите во Кратово каде им беше раскажана приказната за нив, потоа беше посетен Радин мост во Кратово и градот Кратово. Прошетката продолжи низ градот Пробиштип, а потоа и на Лесновскиот Манастир каде што групата можеше да ја почуствува природата на Македонија и го помириса планинскиот воздух на истата.

Така исполнети со убавини од новите авантури  се вратија во својот роден крај.