Доделување на звучни и технички помагала во Кочани

1Во согласност со Програмата за активностите на Здружението на слепите лица од Кочани во областа на здравствената и социјалната заштита, во просториите на здружението на ден 03.05.2017 година се организираше работна средба со членовите од здружението и истата имаше за цел доделување на звучни и технички помагала за слепите лица и лицата со оштен вид. Ваквиот вид на помагала кои се состоеа од звучни апарати за мерење на крвниот притисок, звучни часовници, браеви часовници и лупи, беше добиена од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и истите се доделени на лица од здружението кои во моментот навистина имаат потреба од овие помагала.

Користењето на помагалата беше практично демонстрирано од страна на стручно лице Д-р Јованака Алескова.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/516-kocani9#sigProGalleria975b4e52f4