Доделување на прехрамбени пакети во Охрид

481Здружението на слепи лица Охрид по повод Велигденските празници на своите членови им додели прехрамбени пакети.

Пакетите беа набавени во соработка со ЈП “Градски Пазар“Охрид. Традиционално веќе повеќе години ЈП“Градски пазар“ Охрид организира Велигденски Базар и со средствата кои се собираат донираат прехрамбени пакети за Здружението на Слепи и Здружението на Глуви од Охрид. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму ,а со тоа и ќе продолжиме да им помагаме на нашите членови кои имаат потреба од ваков вид на донација.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/517-ohrid10#sigProGalleria860f9b6a30