Одржан четворомеч во голбал

DSC01778На 27.05.2017 година Здружението на слепи и лица со оштетен вид - Скопје, го организираше четворомечот во голбал, како домаќин со екипите од Здруженијата на слепи од Прилеп, Битола и Кавадарци. За прв пат, четоворомечот се одржа во спортската сала на училиштето „Михајло Пупин“ која благодарение на Собранието на град Скопје, целосно е опремена и наменета за оваа спортска игра, дадена на користење за одржување на тренинзи и турнири на нашите членови. Иако до сега без проблеми наоѓавме сали за одржување на турнири, понатаму не сме принудени да го прилагодуваме терминот на одржувањето на турнирите со слободните места во салите на училиштата кои претежно гравитираат кон локацијата на Здружението.

По извлекувањето на броевите од капитените на екипите, се утврди редоследот на колата. Во првото коло играа екипите од Кавадарци и Прилеп, Скопје и Битола, во второто коло: Кавадарци и Битола, Скопје и Прилеп, и во третото коло: Битола и Прилеп, Скопје и Кавадарци. Со дадени 22 гола, најдобра беше екипата од Кавадарци, 16 гола постигна екипата од Прилеп, а екипите од Скопје и Битола во сите три кола успеаа да дадат само по пет  гола. Најдобар голготер кој воедно беше и најмлад играч, на кој од домаќинот на турнирот му следува и парична награда од 500 денари, беше голбалистот Едис од екипата на Прилеп, кој успеа да  даде вкупно 15 гола, пред Петров Трајче од Кавадарци со дадени 7 гола. За време на натпреварите присутна беше и медицинска екипа ангажирана од Оделението за спорт и рекреација при Собранието на град Скопје, на кои упатуваме посебна благодарност.

Турнирот го водеше успешно и без забелешки судијата Костов Горан. 

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/524-skopje23#sigProGalleria336d85bea1