15-та ИБЦА Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикеппирани лица - 2017

ibcalogoНационалниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија (НСФСМ) и Меѓународната Брајова Шаховска Федерација (ИБЦА), под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, а во соработка со своите помагатели: Дрисла ДОО Скопје, Алкалоид АД Скопје, Општина Охрид, Лајонс Дистрикт Македонија 132, Пивара АД Скопје, Кожувчанка, Македонскиот Олимписки комитет и Црвениот крст на град Скопје, има особена чест и задоволство да биде домаќин на најпрестижното меѓународно натпреварување „15-та ИБЦА Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикеппирани лица - 2017“ која ќе се одржи во периодот од 18-29.06.2017 година хо Хотел Метропол, Охрид.

На ова престижно меѓународно натпреварување, за кое слободно можеме да се пофалиме дека ваков значаен и голем спортски настан за прв пат се организира во нашата земја, ќе земат учество репрезентациите на следниве држави:
Македонија, Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индија, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора.
Ќе се игра 9 кола по Шавајцарски систем.