Отворање на 15-та ИБЦА Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица

1Националната спортска федерација на слепите на Македонија (НСФСМ)  и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) од 18.06 до 29.02.2017 година се организатори на 15-та ИБЦА Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица која се одржува во Охрид.

Свое учество покрај Македонија со своја репрезентација, учествуваат и репрезентации на следниве држави:
Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индиа, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора, Венецуела.
НССРМ и НСФСМ се грижат за развој на спортот и посветува големо внимание во делот на поддршката за лицата со посебни потреби и испраќа јасна порака за достапност на спортот на сите лица. Од свеченото отварање кое се одржа вчера на 18.06.2017 со почеток во 20.00 часот, беа присутни: Претседателите на светските шаховски федерации на слепи и визуелнохендикепирани лица, нивните национални тимови, спортисти, шахисти, тренери, тим лидери, пред кои се обратија Коце Димов претседател на НСФСМ, претседателот на Меѓународната Брајова Шаховска Асоцијација Лудвиг Бителхоф, и заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, голем број на спортски лица вљубеници во шахот како и голем број помагатели на оваа олимпијада.
Привилегија и благослов беше синоќа заедно да се биде со овие шахисти кои се надеваме дека на крајот сите ќе споделат спортски радости и победи. Нивната љубов истрајност проактивност и духовност се мотивација за општеството и за сите нас на начинот на кој се справуваат со сите животни предизвици и инспирација за нив.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/535-nssrm4#sigProGalleria64c76ec2ff