Резултат од 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид - Охрид 2017

1На 28.06.2017 година по изиграни 9 кола по Швајцарски систем на Шаховска игра дојдовме и до свеченото затворање на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 година организирана од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Националната спортска федерација на слепите на Македонија и Меѓународната Брајова Шаховска Асоцијација ИБЦА, а под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, секако со неизмерна поддршка и од нашите ценети помагатели: Општина Охрид, Град Скопје, Дрисла-Скопје ДОО, Пивара Скопје, Алкалоид АД Скопје, Кожувчанка Кавадарци, Лајонс Дистрикт Македонија 132, Македонски Олимписки Комитет и Црвениот крст на Град Скопје, кои допринесоа Шаховската олимпијада да биде на највисоко можно ниво за настан од тој ранг, а нашата држава како домаќин да биде претставена во најдобро светло.

Најдобри на Шаховската олимпијада со освоено прво место и златен пехар беа репрезентативците на Русија, второто место и сребрен пехар и припадна на Украина, додека третото место и бронзен пехар на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 и припадна на репрезентацијата на Полска.

Им честитаме на најдобрите, а на нашите генерални покровители и помагатели искрено им се заблагодаруваме за несебичната и неизмерна поддршка која ни ја дадоа за што подобра организација на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017.

Final Ranking after 9 Rounds

Rk. SNo FED   Team Team Games   +    =    -   TB1   TB2   TB3 
1 1     RUSSIA RUS 9 8 0 1 16 281,5 28,5
2 2     UKRAINE UKR 9 6 1 2 13 246,5 26,0
3 4     POLAND POL 9 6 1 2 13 219,5 23,0
4 3     SERBIA SRB 9 6 0 3 12 219,0 23,5
5 6     GERMANY GER 9 5 2 2 12 180,5 21,0
6 5     SPAIN ESP 9 5 1 3 11 165,5 19,5
7 19     INDIA IND 9 5 1 3 11 155,5 18,5
8 24     AZERBAIJAN AZE 9 4 2 3 10 160,0 20,5
9 8     VENEZUELA VEN 9 5 0 4 10 144,5 18,0
10 12     LITHUANIA LTU 9 4 2 3 10 137,5 19,0
11 13     BULGARIA BUL 9 4 2 3 10 129,0 19,0
12 18     ITALY ITA 9 4 2 3 10 129,0 17,0
13 16     UNITED KINGDOM UK 9 4 1 4 9 154,5 19,0
14 9     MACEDONIA MKD 9 4 1 4 9 152,5 19,5
15 10     ROMANIA ROU 9 4 1 4 9 108,5 17,5
16 11     SLOVENIA SLO 9 3 2 4 8 128,0 16,5
17 14     SWEDEN SWE 9 2 4 3 8 120,5 18,0
18 15     HUNGARY HUN 9 3 2 4 8 108,5 15,5
19 20     NETHERLANDS NED 9 3 2 4 8 89,0 16,5
20 23     MOLDOVA MDA 9 3 2 4 8 71,5 15,5
21 7     MONTENEGRO MNE 9 3 1 5 7 114,0 13,5
22 17     CROATIA CRO 9 3 1 5 7 99,0 14,5
23 22     TURKEY TUR 9 3 1 5 7 71,0 14,0
24 21     DENMARK DEN 9 2 3 4 7 53,5 12,5
25 25     SOUTH AFRICA RSA 9 1 3 5 5 52,0 11,5
26 27     KOSOVO* KOS 9 1 2 6 4 32,0 8,0
27 26     GREECE GRE 9 0 1 8 1 11,5 2,5

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/542-nssrm10#sigProGalleriacd83bb743b