Честитки до членовите на Здружението за Рамазан Бајрам

DSC01792Структурата на членството од Здружението на слепи и лица со оштетен  вид Скопје е различна од многу аспекти и почитувајки го овој факт, Здружението практикува во сите активности да бидат опфатени лица со различности и потенцијали кој соодветствуваат на дадената активност. Тоа го почитуваме и кога членовите непосредно не се вклучени  во одредена активност, а се однесува за дадена група на членови. Живееме во мултиетничка држава, и сосема природно е и составот на членовите да биде таков. Тоа допринесува за учење на соживот, запознавање на повеќе култури и верувања, и меѓусебно надополнување и толерирање.

Годинава, повторно претседателката Петровска на дел од ченовите им додели пакетчиња со торти, колачи и баклави, со што им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите членови од муслиманска вероисповед, им посака добро здравје и долг живот. Честитките беа упатени до сите членови, но во донацијата беа опфатени членови кој во предходние години не примиле ваква донација.

Голема благодарност и честитки за празникот и до слаткарниците Шехерзада, Малага Апче и Рекорд баклава, кои ја потпомогнаа нашата активност, на ваков начин да им го честитаме празникот.