Подготовка на водич за слепи при посета на НУ Завод и музеј - Битола

 
1Здружението на слепи лица - Битола во 2016 година потпиша Меморандум за соработка со НЅ Завод и музеј - Битола, согласно тој меморандум НУ Завод и музеј - Битола подготвува водич на Брајово писмо за полесен пристап на слепите лица како нивни посетители во музејот. Примерок од водичот беше презентиран пред членовите на Здружението се’ со цел доколку има потреба од некакви промени и дополнувања истите да се направат пред финалната изработка на истиот. Водичот се работи со примери од високо развиените европски земји каде што ваквите изработени водичи се од голема корист на слепите лица.