ДОНАЦИЈА ОД ГАУС Институтот за Здружението на слепи лица Битола

komjuteri 7ГАУС Институтот - Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаeње предаде донација на Сојузот на слепи лица од Битола. Донацијата се состои од компјутерска опрема (10 лаптоп компјутери, печатач, мрежна опрема) и наменски софтвер за слепи лица (прилагоден на македонски јазик). Средствата за донацијата се обезбедени од NATO Charity Bazaar и сопствени средства на ГАУС Институтот.

На церемонијата на примопредвањето присуствуваше и Шефот на Мисијата на НАТО во Скопје, Морнаричкиот Капетан Горазд Бартол кој имаше и свое обраќање. Покрај г-нот Бартол на церемонијата се обратија и проф. д-р Игор Неделковски, Претседател на Одборот на Фондацијата ГАУС Институт и Владо Димитровски, Претседател на Сојузот на слепи лица од Битола.

Презентација на користењето на опремата и софтверот извршија м-р Владимир Дракалски од ГАУС Институтот и г-нот Зоран Софронијевски, слепо лице, кој демонстрираше самостојна работа на компјутер со помош на донираната опрема и софтвер.

Настанот побуди голем интерес помеѓу слепите лица од Битола, како и помеѓу пошироката јавност и кај средствата за јавно информирање.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/563-bitola12#sigProGalleria9b3a9d484e