Здружението на слепите лица Кочани ја одбележа првославната Нова година – Василица

1Членовите на Здружението на слепите лица  Кочани традиционално го одбележаа празникот Василица, односно првославната Нова година.Настанот кој вообичаено се закажува порано оваа година се одржа во клубот на Мобилност Кочани  на 13 Јануари. Околу 35 членови во сопствена режија  остварија пријатни моменти  со традиционалното кршење  лепче со паричка  по повод празникот  Свети Василиј Велики. Овие традиции се еден од столбовите  на дружењето  и остварувањето на програмските цели на Здружението , се јакнат меѓусебните односи ,се потенцира размена на мислења и идеии за подигање на капацитетот и слично.

Оваа година најсреќен беше  Стево Миладинов  бидејќи во него се падна паричката  и наедно доби скромни подароци кои беа донирани. Да ни е среќна и берикетна  Новата 2018 година  и во неа  да ѓи оствариме во најголем дел нашите планови и идеи  со надеж за здравје среќа и успеси  на сите членови и нивните семејства .

ЗСЛ – Кочани

Секретар

Гордана Велкова 

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/574-kocani15#sigProGalleria03874beb4e