Традиционален “Велигденски базар“ во Скопје

1Во дворот на прекрасната црква“СветаПетка“ во општина Кисела Вода,годинава жените од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид од Скопје,го организираа традиционалниот “Велигденски базар“.На Велики Четврток,започнува чествувањето на најголемиот христијански празник Велигден.На овој ден, според традициите во минатото жените помнувале најмногу време во кујните,ги бојадисувале велигденските јајца,кои треба да бидат црвени поради симболиката со христовата крв,меселе велигденски леб нарекуван богова пита,на Велики Четврток се одржала тајната вечера,на овој ден ги осветувале новите домови,и воопшто се вршеле сите подготовки,за празникот.

Првото бојадисано јајце на Велики Четвротк,се оставало пред икона,за да ја штити фамилијата  од зло и да и носи  здравје ,среќа и успех.Токму затоа,Велики Четврток беше одбран за ден кога  жените од Здружението за прв пат почнаа и продолжија секоја година да го организират велигденскиот базар.Секоја година базарот се одржува во различни општини.

Поради  желбата на секоја од жените учеснички да се види во својата општина, како таа е вклучена во јавни манивестации,и поради тоа што во Здружението се интегрирани слепи лица од сите општини на град Скопје.Соработката со општините и црквите од истата општина секогаш се на ниво.Имаме голема подржка од општините кој ја разбираат нашата активност и максимално не подржуваат.Годинава општина “Коисела вода“  ги награди првите три најдобро изработени и уникатни производи со парични награди од 5.000,00 ,3.000,00 и 2.000,00 Денара.Комисијата за отценување на најдобро приготвените изработки овој пат беше составена од придружнички на нашите членови.Иако имаа  одговорна задача, помеѓу преубавите изработки да одберат само три,сепак се определија за нешто што најблиско ја  симболизира традицијата и го доловува етно стилот на одреден регион.Првата награда ја доби Ордева Ружа која имаше печено тесто во форма на грне ,со подотворен капак во кој имаше макало,и плетени форми со зајачиња,петлиња и цветови во кој имаше по една јајце.Другите две наградени, беа Кентровска Душанка со убаво украсени мафини и Јовановска Данче која имаше преубав декориран куклов.

Големата трпеза поставена во дворот на црквата Света Петка,изгледаше многу величенствено и свечено со разноликоста од приготвените;погачи,бојадисани јајцаколачи торти,мили брод,и се друго што една домакинка подготвува за овој ував празничен ден.На трпезата имаше и лепче кое заедно со целата трпеза, беше отпеано и благословено од отецот на црквата,при тоа изговарајки ги имињата на сите учеснички и присутни на трпезата.Настанот и пред тоа беше најавен на порталот на општината а, целата манивестација тој денбеше медиумски проследена.Манивестацијата има продажен и хуманитарен карактер и сите средства собрани од продадените производи ќе бидат доделени на социјално загрозени наши членови.Почитувајки го правилото “Од нас за нас“, апелираме до сите членови на Здружението за поголема активност, без воздржување да направи секој од нас дали индивидуално или вклучен во вакви хуманитарни,солидарни активности преку кој ,самиот може да се презентира со своите способности и авинитети од една страна, од друга на било кој начин да помогне на својот истосудбеник.

Здружението,искрено се заблагодарува на градоначалникот  Г-дин Филип Темелковски и неговите соработници, Г-дин Марјан и другите за успешно реализираната активност.

Секретар,

Коцева Алтана

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/586-skopje31#sigProGalleriad944afe9c8