Велигденска традиција во Неготино

2По повод Велигден дел од членовите присуствуваа на оваа традиција односно фарбаа велигденски јајца на кои им се помагаше на членовите кои се изнемоштени односно не можат да си фарбаат велигденски јајца .Членовите беа воодушевени и среќни што беа дел од оваа традиција и што и тие можат да помогнат некому. Денот го започнаа со зборовите ,, Нека е за многу години Велики Четврток,,- АМИН. Благословот беше даден да Светото Велигденско јајце ви донесе здравје,среќа ,љубов,слога,благосостојба. Тие со нивните вредни раце изработија убави Велигденски јајца. Оваа традиција ја почнавме минатата година па се надеваме дека  ќе продолжи и во наредните години.

На крајот од оваа традиција беа поделени велигденските јајца за членовите а исто така беа послужени и со коктел.

ХРИСТОС   ВОСКРЕСЕ   НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!