Прошетка до Крива Паланка

4Членовите од Здружението на слепи лица на град Неготино беа на еднодневна прошетка до манастирот Св.Јоаким Осоговски,Гиновци,Етно село Тимчевски и Пелинце, кое беше спонзорирано од страна на ,,ТЕЦ Неготино,,.

Утрото возбудени членовите од реализацијата на оваа прошетка и на прекрасниот ден односно празникот ,,Ѓурѓовден,,весели со песна тргнавме кон манастирот Св.Јоаким Осоговски –Крива Паланка.

По патот имавме кратки паузи разгледување на околината и убавините на Македонија.

Се преближивме кон манастирот и неговата глетка стигнавме до него ,членовите возбудени од мирисот на природата и воздухот од убавината на овој манастир. Го разгледавме целиот манастирски комплекс. Имаше многу посетители и од странство. Манастирот Св.Јоаким Осоговски е еден од најубавите манастири во Македонија. Тоа беа зборовите на воодушевените членови.

Потоа се прошетавме и низ градот Крива Паланка .Прошетката ја продолживме кон Паркот Гиновци,ги разгледавме убавините на паркот каде што имаше разни видови на животни .Исто така и од оваа глетка и чувство беа воодушевени членовите.

По краткото разгледување патот го продолживме кон етно село Тимчевски каде што и овде имаше дел од животните но и имаше убав етно ресторан .И овој дел беше разгледан од страна на членовите.Прошетката ја продолживме и до последната релација до Пелинце .И овде имаше прекрасна глетка убав Музеј, парк каде што се слушаа и звуци од распеаните птици. Така исполнети и воодушевени од убавата прошетка и новото доживување се вративме во нашиот град Неготино .