Честитки до членовите од Муслиманска веросиповед

1Од име на Здружението, и од  свое лично име претседателот на Здружението  на слепи и лица со оштетен  вид Скопје,  Александар Галевски им го честита празникот Рамазан Бајрам на членовите од Здружението  со муслиманска вероисповед.Рамазан Бајрам,кој се слави три дена, е еден од најголемите муслимански празници,рече Г-дин Галевски пред членовите кој беа собрани во Здружението и на кој им беа доделени одредени пакувања,  колачи, торти и ролати.Како што наметнува  традицијата на ваков начин, сакаме  да Ви го честитаме празникот Вам,и на останатите.Рамазан Бајрам е празник на кој се слави духовното и телесното прочистување,празникот започнува со Рамазан Бајрамска молитва,па еве и јас честитајки Ви го празникот, Ви посакувам многу среќа,здравје и долг живот.Рамазан Бајрам има 4 димензии,духовната,моралната,солидарната и здравствената,и е еден од петте столба на исламот,ние ја почитуваме   верата и ја практикуваме солидарноста, веруваме дека секој од нас во себе носи добрина, милост и љубов.Тоа го посакувам за сите членови од Здружението, добра мисла ,меѓусебно разбирање, и почитување,без разлика на различностите кој треба да ги цениме, а не игнорираме и презираме.Живееме во мултиетничо општество и сосема природно е во Скопје, во нашето

Здружение составот на членовите да биде таков.Надминуваме проблеми, учиме како да бидеме толерантни,почитувајки ги сите членови подеднакво и распоредувајќи ѓи во активности според  нивните потенцијали и  желба за лична реализација,рече претседателот.    

Секретар,

Коцева Алтана

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/600-skopje34#sigProGalleria306fe4d9cc