Прошетка низ западна Македонија

1Здружението на слепи лица на град Неготино во организација на Градоначалникот на Општина Демир Капија г-нот Лазар Петров на кое што и имаме успешна соработка ,па заедно одлучивме да  ги прошетаме  членовите  на еднодневна прошетка низ убавините на Западна Македонија .

Сите членови се собраа на организираното место и весело се тргна кон Вевчани односно кон Вевчанските Извори. По патот имавме и попатни паузи на кое се одмараа членовите, а воедно и ги осеќаа густите шуми и чистиот воздух. Поминавме низ Охридското Езеро и беа воодушевени од неговата убавина,продолживме се до реката Црн Дрим –Струга на кое се направи и мала пауза. Го продолживме патувањето до Вевчани , а овде ги посетивме Вевчанските Извори .

Одејќи по патеката и густата шума слушајќи го шумот на водата стигнавме до изворот на водата каде што имаше што да се види,почувствува ,осети. Овде бидејќи имаше маси и клупи седнавме да се одмориме . Воодушевени од убавината на природата тргнавме кон Манастирот Св. Јован Бигорски.

По патот имавме само убавини да гледаме и да се воодушевуваме,ја забележавме Браната Глобочица,Дебарското Езеро,и за кратко стигнавме до Манастирот Св.Јован Бигорски. Глетката беше воодушевена ,манастирот прекрасен полн со народ на кои сите беа презадоволни од неговите убавини. Конаци големи ,прекрасна градба ,студена вода ,прекрасен храм и се нај најубаво за овој манастир. Членовите беа презадоволни од овој манастир и од прекрасното место каде се наоѓа истиот. Го продолживме патувањето кон Мавровското Езеро каде што и овој дел беше прекрасен.

По патот имавме кратки паузи и разгледување на околината поминавме покрај Кичево,Македонски Брод,Прилеп и така воодушевени , задоволни,весели,инспирирани од прекрасните убавини се вративме во Неготино.