РЕАЛИЗИРАНА ИНФОРМАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ПРАВО НА ИЗБОР ВО КОЧАНИ

1Во клубот на Мобилност Кочани на ден 16.09.2018 година ( Недела)  Здружението на слепи лица Кочани  во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество  ИНКЛУЗИВА со подршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество се реализираше информативната работилница    на тема  ,, Референдум за сите ,, . Вовед   и претставување даде  претседателката на здружението  ИНКЛУЗИВА  за политичко и изборно право на лицата со попреченост според  Конвенцијата на обединети  Нации .

На работилницата се  презентираше изборниот законик, правилници и упатства.Исто така беа истакнати и бариери  за учество на лицата со попреченост во политичките и изборните процеси , како и преземање  заложби во однос на подобрување на гласачко право на лица со попреченост  како и алатки и материјали за подржка на лицата со попреченост  при остварување на гласачкото право, со кое се соочуваат со постојана индиректна дискриминација која освен по основ на нивна состојба ,се манифестира и како дискриминација по основ на образование,социјална положба,политичка определба и останати видови на присутна дискриминација која преку јакнење на општо ниво на свесност треба да се препознае и намали.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/611-kocani20#sigProGalleria56152c56c7