Членки од Здружението на слепи од Скопје во посета на Струмичкиот крај

2Предвидувањата на метеоролозите за временската прогноза, дека токму пред  26.09.2018 година за кога беше договорена еднодневната посета низ, градот Струмица и црквата “Свети  15 Маченици“ драстично ќе се намалат температурите, и ќе залади,не ги поколеба нашите членки,и на голема радост од сите активноста се реализира.Излетот беше планиран од комисијата за жени, и на истиот беа поканети поактивни жени од Здружението кој во секое време и на секој настан организиран од Здружението по било кој повод, дали како учесници или пак, како бројка за масовност постапувале соодветно.За црквата “Свети 15 маченици“ и иконата на СветаБогородица нашите членки имале слушнато,а секој христијанин без разлика, колку верува во бога  посакаува да ги искаже своите  желби во верски објект, верувајќи во нивното остварување.

За време на посетата навистина се почувствува тој духовен мир и спокој,кој придонесе  цел ден да се помине со позитивна мисла и заедничка емпатија.Доживувањата продолжија во комплексот “Галебово езеро“, прекрасно место под Смоларските водопади каде што секој по свој вкус го испроба струмичкиот зеленчук.Од наши членови овој крај на нашата држава не бил посетуван и пријатно беа изненадени од преубавита околина ,убаво средени урбани ќуки со пространи дворови и шаренолики цвекиња,села распоредени покрај патот кој не одведе до преубавото место ,обвиткано со зеленило и мирис на свежина.

Од ова патување па натаму, секогаш треба да се внимава на дестинациите определени за вакви дружења со цел заеднички да се откриват и видат преубавите предели, кој ги има насекаде низ нашата  држава.Ова активност, повторно ја помогна Собранието на град  Скопје,и искрено му благодариме на градоначалникот, Г-дин Петре Шилегов кој дозволи користење на бесплатен превоз со автобус.

Секретар,

Коцева Алтана

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/614-skopje36#sigProGalleria39c746024b