Тркалезна маса: Предизвици на слепилото во 21 век во Република Македонија-Очекувања наспроти реалност!

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија по повод одбележувањето на 15 октомври-Меѓнаодниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) на ден 10.10.2018 година (среда) организираше тркалезна маса на тема:Предизвици на слепилото во 21 век во Република Македонија-Очекувања наспроти реалност!

На трибината во својство на претставници на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија учество зедоа и г-дин Вангел Тркаљанов и г-а Магдалена Панчевска.
На трибината беа поканети и од Министерството за култура на Рм и Министерството за образование и наука на РМ кои за жал не присуствуваа и со тоа покажуваат колку оваа држава се грижи за заштита и унапредување на правата на слепите лица и колку истите им придаваат важност на оваа категорија на граѓани.
Во прилог:прогласот за медиуми по повод меѓународниот ден.
 

15 ОКТОМВРИ

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП-СИМБОЛОТ НА СЛЕПИОТ ЧОВЕК-ПРИЗНАТ ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ(ООН)

Почитувани пријатели,

Секоја година во месец октомври, слепите и слабовидните лица низ целиот свет го одбележуваат Денот на Белиот стап.Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.

На овој ден се слават и можностите како и достигнувањата на слепите и слабовидните лица како и нивниот допринос во општеството.

На овој ден потсетуваме дека редно време е да се овозможи работа и уредуавње на Рехабилитационен центар за слепи лица кој ќе функционира во рамките на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и во кој подоцна ослепените лица ќе се рехабилитираат преку најразлични програми.Овде упатуваме апел до меѓународната заедница, институциите на системот, но и бизнис заедницата силно да ја помогнат оваа повеќегодишна заложба на НССРМ.

Белиот стап е препознатлив сообраќаен заштитен знак за слепите и слабовидните лица, но Белиот стап е препознатлив симбол на независноста, печат на автономијата и почит за вроденото достоинство за слепите и слабовидните лица кое пак е во согласност со член 3 од принципите стипулирани во Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со инвалидност .

Напоменуваме дека Белиот стап ја гарантира автономноста на слепите и слабовидните лица во однос на можноста за избор на дестинација која тие сакаат да ја посетат и овозможува нивно активно учество во нивните локални заедници.

Овој ден е значаен гласник за правата на слепите и слабовидните лица, ни дава можност гласно да проговориме за правата, проблемите и препреките со коис екојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица.

Овде би сакале да потенцираме дека Белиот стап како тифло-техничко помагало за слепите и слабовидните лица е од огромна важност и истите дури и во 2018 година сеуште ова и многу други видови на помагала ги добиваат исклучиво преку Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, за жал сеуште немаме системско решение како што е тоа во земјите од соседството и во западно европските земји па набавката на тифло-технички помагала е регулирана со правилници на Фондовите  здравствено осигурување.

Белиот стап како Симбол на слепилото но и незаменливо орудие за безбедно и самостојно движење на слепите лица наоѓаме за потребно уште еднаш да Ви се обратиме Вам на граѓаните на Македонија и да Ви укажеме на нашите очекувања, барања и потреби.

Но, и покрај тоа што слепите и слабовидните лица го добиваат ова тифло-техничко помагало Белиот стап, тие и понатаму се соочени со значајни бариери низ нивното движење во непосредната физичка околина.

Тоа вклучува:

Недостаток на безбеден и пристапен урбан простор кој тие можат да го користат, недостаток на тактилни патеки кои го олеснуваат движењето со Бел Стап, понатаму звучни семафори, бариери на патеките, непрописно и несовесно  паркирани возила, итн...

Нашиот предизвик а воедно и нашата мисија претставува, повеќе  инклузивно општество за сите, пристапно и еднакво општество за сите, затоа што само тоа ќе доведе до подобри животни услови на сите во нашето општество.Ние замислуваме општество во кое, слепите и слабовидните лица, ќе учествуваат целосно во секој аспект на животот кои тие ќе го одберат, општество без бариери и општество еднакво за сите.

Би сакале да го искористиме одбележувањето на 15 октомври 2018 година-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на обединетите нации (ООН) за да го зголемиме вниманието на јавноста кон нас, истовремено да и обрнеме внимание на пошироката јавност за слепилото и за проблемите со кој секојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица, да ги разбудиме властите на секое ниво во општеството да земат учество и да овозможат фондови за превенција и едукација за слепилото, да и обрнеме внимание на јавноста, на граѓаните  за тоа кога последен пат направиле комплетен офталмолошки преглед?Затоа што секому може да му се случи...Затоа што никој не е исклучок...

Глобално земено катарактата и глаукомот се едни од водечките причини за слепило.

Упатуваме апел до сите барем еднаш годишно секое дете и секое возрасно лице да направат комплетен очен преглед  со цел да спречат и превенираат можни идни причини за слепило.Направете го тоа што поскоро...

Во Република Македонија според ригистрите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со оштетување на видот поголемо од 90 проценти живеат повеже од 2550 лица.Бариерата и ѕидот околу нив кој е создаден полека се руши, но истите се навикнати да чекаат.Истата слика се повторува со години.Сите очи на ајвноста се упатени кон слепите и слабовидните лица само на 15 октомври 2018 –меѓународниот ден на белиот стап, а пред и потоа, амргинализација,стигма за слепилото, дискриминација во сите општествени пори, самотија и неизвесностз а што подобро утре.Но тоа утре никако да дојдее..Но сепак оптимизмот и енергијата кај овие лица не згаснува.Тие лавовски се борат за своите права...

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  формиран  во далечната 1946 година, повеќе од 72 години дејствува како национална инвалидска организација, невладина, непартиска, непрофитна организација од особено општествено значење.

НССРМ е единствена невладина и непрофтина национална  инвалидска организација која ги застапува правата на лицата со оштетен или целосно загубен вид во Република Македонија.

НССРМ се залага за оставрување на сите човекови права на слепите лица, вклучувајќи го правото на писменост, образование,рехабилитација, вработување и адаптација на работната средина, независно живеење со помош на персонални асистенти и тифло-технички помагала, спортски и рекреативни активности како и пристап до информации.

НССРМ Ви се обраќа по повод 15 октомври-меѓуанродниот ден на слепите и слабовидните лица-денот на белиот стап-симболот на слепиот човек кој е симбол на постојаниот стремеж на слепите лица за достоинствен живот и рамноправна положба во општеството како единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи лица во РМ.

Бараме ветување дека ќе се залагате сите за укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица во сите општествени сфери на животот како достапност на физичкото опкружување, приспособеност на јавниот превоз на патници, слобода на изразување преку достапноста на јавните информации и комуникации во формати коис е пристапни на слепите лица како Брајова(Релјефна) техника и Звучна техника на аудио касета или аудио цд како и соодветна примена на новите интернет технологии,пристап до образование и едукација под подеднакви услови на децата и младинците, вработување, егзистенција од приходите, социјална сигурност и независност, семеен живот и интегритет, култура, рекреација и спорт, религија се со една цел подобри услови за сестран и самостоен живот.

Крајно време е да се согледаат во ново светло и со нови хоризноти од современа перспектива местото и улогата на слепите лица во општестевната заедница.

Апелираме дека општествената изолација со која секојдневно се соочуваме ние, слепите лица, во ниедно случај не може да се оправда со нашата инвалидност токму заради тоа што слепилото е состојба, а не болест.

Ние слепите лица како лица со најтешката инвалидност сме подготвени да помогнеме и заедно да ја надминеме општествената обесправеност.

Укажуваме дека треба да се направат посебни тактилни патеки или тротоари со посебни коцки означени за движење на слепите лица.На овој начин им се олеснува движењето на слепите лица и истото се рпави безбедно.

Апелираме за посамостојно и побезбедно движење на слепите лица да се постават звучни семафори низ целата држава и да добиеме град-метропола Скопје со сите озвучени семафори како и озвучување на семафорите во внатрешноста на државата како што е тоа случајот со сите европски метрополи.

Апелираме за пристапност на сите јавни објекти, институции на системот и организации како би се избегнала затвореноста на слепите лица во своите домови и како истите би се охрабриле и би излегле самостојно да се вклучат во општествениот живот.

Ние бараме подобар нормативен концепт за слепите лица кој потоа би се имплементирал во практиката.Бараме поголема заштита и унапредуавње на компензационите права на слепите лица меѓу кои и :

-правото на повисок надоместок за помош и нега од друго лице, правото ан надоместок до вработуавње на невработеното оспособено и рехабилитирано слепо лице, правото на набавка на автомобил без царински давачки и данок ан додадена вредност, правото на помагала да биде уредено со закон и истите да се набавуваат постојано, право на личен асистент, изградба на Национален центар за рехабилитација на слепи лица, изградба на Дом за стари и изнемоштени слепи лица, итн.

Овде апелираме до НУБ Свети Климент Охридски од Скопје конечно да направи напори и да проработи на издавање на Брајови и Звучни книги за слепите и слабовидните лица од целата територија на Република Македонија.

Апелираме до институциите на системот конечно да направат заложби и Република Македонија конечно да го ратификува и потпише Маракешкиот договор кој им го обезбедува основното право на слепите и слабовидните лица Правото да читаат односно им овозможува достапност на пишаните материјали на ним достапна техника како брајово писмо,аудио материјали,голем формат итн...

Читањето е човечко право, но во моментов не сите луѓе можат да пристапат до книги или други материјали за читање. Над 90% од сите објавени материјали не можат да бидат прочитани од слепи лица или лица со посебни потреби за печатење, што доведува до "глад за читање или жед за читање ". Треба да бидеме во можност да ги репродуцираме објавените материјали во достапни формати, како што се Брајово писмо, големи печати и аудио изданија, за да се обратиме до книгата на гладта, но сегашните правила за авторски права во повеќето земји го спречуваат ова. Работејќи со Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), ВБУ ја водеше меѓународната кампања за развој на Договорот од Маракеш кој ќе се осврне на гладната книга (официјално име на договор: Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела од лица со оштетен вид и лица со печатење Попреченост). Договорот од Маракеш беше потпишан во Мароко на 28 јуни 2013 година. До денес, тој е ратификуван од овие 38 земји: Индија, Ел Салвадор, Обединетите Арапски Емирати, Уругвај, Мали, Парагвај, Сингапур, Аргентина, Мексико, Монголија, Република Кореа, Австралија, Бразил, Перу, Демократска Народна Република Кореја, Израел, Чиле, Еквадор, Гватемала, Канада, Сент Винсент и Гренадини, Тунис, Боцвана, Шри Ланка, Либерија, Панама, Хондурас, Киргистан, Кенија, Мала Јас, Буркина Фасо, Нигерија, Костарика, Русија, Молдавија, Уганда, Лесото и Гана. Таа е потпишана од повеќе од 6 0 земји (погледнете на мапата подолу).

Исто така апелираме да се подготви Предлог-закон за самостојно движење на слепи лица со куче-водич кој покрај Белиот стап би овозможил, поолеснето движење на слепите лица.

Бараме е школување на кадри перипатолози-односно инструктори за слободно и самостојно движење на слепите лица.

Барaме менијата во рестроаните, кафебаровите и слично да бдиат испишани на Брајово писмо, како и употреба на истото на сите лекарства, при склучување на договори со физички и правни лица, банки, осигурителни друштва,брокерски друштва, телекомуникациски оператори и слично.

Многу значајна работа за нас е личниот потпис кое се повеќе добива на актуелност.Тоа треба да значи дека секој слеп човек да може да дојде до можности за валиден личен потпис се додека не го оствариме т.н. електронски потпис.Електронскиот потпис е правата работа бидејќи ќе се користи и преку мобилен телефон.

Ние не бараме псоебни права само бараме да ни се овозможат сите оние компензациони права кои се цивилизациска придобивка на модерниот и развиениот свет, прокламирани со многубројни меѓуанродни документи, а пред се со Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на организацијата на Обединетите Нации.

Нека ова одбележуавње не потсети и биде можност за слепите лица да се потврдат во поширокот политичко и општествено опкружуавње на сите нивоа во општеството со цел подобар прогрес и напредок.

Нека Македонија биде земја без  бариери за слепите лица.

Затоа што Хуманоста не е доблест-туку обврска.И затоа што Ние сме тука меѓу вас.И затоа што НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС.

***Меѓународниот ден на Белиот стап се одбележува секоја година на 15 октомври уште од далечната 1964 година кога г.Линдон Џонсон тогашен претседател на Соединетите Американски Држави тој ден го прогласил за Ден на Белиот Стап.

Белиот стап е сообраќаен заштитен знак на слепите во се погустиот сообраќај, но и помагало кое на слепите им овозможува самостојно движење.

За Белиот стап навистина да биде помагало, слепото лице мора да помине низ курс за обука за самостојно движење при што ќе научи да ги совладува основните сообраќајни правила и конфигурацијата на теренот во кој самостојно се движи.

Иницијативата за користење на Белиот стап како заштитен знак на слепите лица во сообраќајот го дала Guillyd’Herbemont уште на 15 октомври 1930 година.

Во Република Македонија, 15 октомври како Меѓународен ден на Белиот стап се одбележува од средината 90-тите години на 20-иот век со што се приклучила на многубројните земји во кои Меѓународниот ден на Белиот стап прераснал во Меѓународен ден на слепите кога најшироката јавност се запознава со проблематиката на слепите.

Поради дупките на улиците, ископаните канали, паркираните возила, отворените шахти, бандери, билборди, нерамнините на тротоарот и другите сообраќајни бариери, масите и столовите пред кафеана, изложената стока и амбалажа на тротоарот, неприспособени и преполни продавници, неприспособени приоди н а државните институции, неразбирање и неприфаќање од околината, потценување на нивните способности и уште многу очекувани и неочекувани ситуации на слепите лица им треба постојана придружба од лице со вид.Белиот стап е продолжена рака на слепото лице но се друго што е надвор од дофат на стапот е голема непознаница но и опасност за лицето без вид.

Слепилото секогаш било и ќе биде најтешка инвалидност и поради тоа е потребно постојано да се следат специфичните потреби и проблеми на слепите.

На слепите лица токму модерната технологија многу им го олеснува животот, но и натаму без оглед на модерните подобрувања  постојат специфични потреби што можат да се решаваат само со перманентна работа и помош на секој поединец што е погоден со овој вид на инвалидност.