Музички средби 2018

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија по повод меѓународниот ден на Белиот стап-симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) согласно своите програмски активности а се со цел социјализација и поттикнување на слепите лица во сите општествени области ги одржа традиционалните МУЗИЧКИ СМОТРИ 2018.

Музичките смотри при Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставуваат традиционална програмска активност со која НССРМ го поттикнува развојот на духовната култура кај слепите лица кои негуваат љубов кон традиционалната песна и ора.
На ова аманифестација се изведуваа песни од слепи инструменталисти и вокални солисти од богатото македонско народно творештво.
Во музичкиот бенд кој ги пратеше вокалните изведувачи членуваат и активно допринесуваат слепи лица.
Станува збор за слепи лица академски музичари.Целта на ова аманифестација е да се покаже на светот дека и со слепило се може.Дека слепилото е состојба, а не болест...
На музичките смотри коис е одржаа во преполната сала на ДХО Даре Џамбаз во Скопје се доделија една анграда од публика ГРАН ПРИ на Стојче Арсовски за изведбата на песната ЈАНО МОРИ прво место од публика.
И стручното жири кои имаше полни раце работа овој пат во состав:
г-дин Игор Николовски-музичар, 
г-ца Николина Трајковска-академски музичар, наставник 
и г-ѓа Надица Јовановска, академски музичар, наставник 
им додели награди на следниве изведувачи:
Прво место од стручно жири ЗОРИЦА ВЕЛКОВА од Велес со изведбата на СОБОРСКО ОРО на хармоника инструментална верзија.
второ емсто Жанко Станков од Струмица за изведбата на песната БАРАЈ ГИ МИЛА МАЈКО
и трето место од стружно жиро СТОЈЧЕ АРСОВСКИ од Скопје за изведбата на песната ЈАНО МОРИ.
Музичките смотри беа одржани по претходен избор на композиции по распишаниот конкурс во месец јули 2018 година.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/617-nssrm14#sigProGalleriab56d4ee36c