СЛЕПИТЕ ОД БАЛКАНОТ ПЕАТ И СВИРАТ ЗАЕДНО

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на покана на Сојузот на слепите на Република Бугарија-Регионална организација СОФИЈА зеде учество на првата серија на меѓународни концерти под мотото СЛЕПИТЕ ОД БАЛКАНОТ ПЕАТ И СВИРАТ ЗАЕДНО.Под ова мото на 5те меѓуанродни концерти настапија учесници од Сојузите на слепи лица на домаќинот Република Бугарија, и сојузите на слепи лица на Република Македонија, Турција и Србија.

Наши претставници беа добро познатите Стојче Арсовски вокален солист и инструменталист од Скопје кој на овогодинешните музички смотри го освои заслуженото прво место од публика и Жанко Станков добро познатиот инструменталист и вокален солист, одличен изведувач и аранжер кој ан Музичките смотри во категоријата на вокални солисти го освои второто место од стручното жири.

Нашите претставници зедоа учество на серија меѓуанродни концети со изведба во живо и тоа:Перник, Етрополе, Трудовец, Пирдоп и секако главниот концерт во Софија.

Нашите изведувачи ги забавуваа присутните гости со добрата и стара македонска традиционална песна.

Аплаузот на публиката и емоциите говореа повеќе од зборовите.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/618-nssrm15#sigProGalleria2a8642f646