Заедничко одбележување на 15-ти Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап

1Здружението на слепите лица  од Кочани  во соработка  со Регионалниот сојуз на слепи лица од Благоев град  НР Бугарија повод 15 Октомври  Меѓународниот  ден на белиот стап – симбол на слепиот човек на ден 15.10.2018 година заедно го одбележаа овој ден во ресторантот ,,Антика,,во општина Делчево. На настанот присутствуваа околу сто  членови од двете организации. На присутните имаше обраќање  секретарот од локалната самоуправа од општина Делчево кој ѓи поздрави и им посака многу здравје а истовремено истакна дека  како локална самоуправа ќе се погрижеме да го зголемиме  вниманието на потрбите и проблемите со кој секојдневно се соочуваат слепите  лица. На самиот настан  беше поставена и мини изложба на тифло-технички помагала  кои се од голема важност за  слепите и слабовидните лица. Се надеваме дека настанот привлече внимание за понатамошна успешна комуникација и дружење на членовите  помеѓу двете организации. Настанот беше проследен од локалните телевизии од општина Кочани и Делчево.

Секретар Гордана Велкова

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/619-15-2#sigProGalleria2bd8f7640a