Меѓународен голбал турнир и турнир во Шоудаун

1Една од манифестациите која, по втор пат се одржа по повот денот на белиот стап 15 Октомври, беше и одржувањето на мегународниот голбал турнир и турнирот во шоудаун.Турнирите започнаа и понатаму претендираме да станат традиционални токму по тој повот,денот кој го одбележуваат како свој ден слепите лица,ден кога треба сите фактори да ги потсетиме за  секојдневните проблемите но не со збор туку, преку спортско изразување , јавни настапи и истакнување на квалитетите на слепите лица.

Голбалот и годинава се играше помеѓу  5-те екипи,по една од Бугарија и Србија,две од Скопје, и победничката екипа на Државното првенство ,екипата од Кавадарци.Најдобра екипа во голбалот беше, повторно екипата од Србија која покажа добра игра но, го истакна и примерот дека во секоја спорт треба залагање и континуитет во тренинзите.Победничката екипа доби пехар ,а останатите екипи благодарници за учеството.

Во шоудаунот настапуваа 10 учесници ,се играше паралелно во друга сала, агодинава интересот за ова игра беше поголем и од нашите членови.Најдобар беше учесникот од Бугарија,Г-дин Иван кој играше со повеќе учесници и со сите издвои победа.За сите учесници беа поделени благодарници за учеството.

Двата турнира се одржаа во фер и спортска атмосвера,со многу дружења.

Здружението се заблагодарува на оделението за спорт, при Собранието на град Скопје кој финансиски го помогна овој проект, и на Училиштетео “Михајло Пупин“ во чии спортски сали се одржуваа турнирите.

Секретар

Коцева Алтана

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/622-skopje37#sigProGalleria745b50033c