Голбал во Неготино

4Како секоја година така и оваа Градоначалникот на Општина Неготино г-нот Тони Делков и Советот на Општина Неготино по повод 8 ми Ноември денот на Ослободувањето на град  Неготино по нивна покана Здружението на слепи лица на град Неготино организира турнир во игрите на ГОЛБАЛ кој  се одржа  на ден 07.11.2018г.(среда) со почеток од 10,00 часот во салата на Средното Општинско Училиште ,,Св. Кирил и Методиј,, каде што учествуваа екипите на Неготино како домаќин,Струмица ,Кавадарци и Кочани.Како почестен гостин беше и Претседателот на НССРМ

 г- нот Жарко Селковски. На овој турнир беа доделени дипломи од страна на претставник од Општина Неготино,а исто така и им беше организиран свечен ручек каде што играчите на ГОЛБАЛОТ продолжија да се дружат односно ги споделуваа меѓусебните  заеднички мисли.

Градоначалникот г-нот Тони Делков изрази благодарност до екипите кои земаа учество на овој турнир и вети за понатамошна соработка со Здружението на слепи лица на град Неготино.

Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино г-нот Тони Караев изрази благодарност до Градоначалникот Тони Делков и Општина Неготино и се надева дека оваа соработка и понатаму ќе продолжи .