Одржан меѓународен Шаховски турнир во Скопје

1Изминатиот викен од 09.до 11.11.2018 година Здржението  на слепи и лица со оштетен вид  Скопје го одржа традиционалниот меѓународен шаховски турнир.Турнирот се одржува по 46 пат,а поводот за одржувањето уште од почетокот е историската дата,ослободувањето на Скопје.Град ,во кој што нашите членови живеат и егсистираат, град на кој што сакат на ваков,спортки начин да му го честитат 13 Ноември, и да се вклучат во активностите ,кој се случуваат  по тој повод.Турнирот се играше во салата на деловната зграда на здружението, со вкупно 29 шахисти.Иако сме изложени на поголеми финасови трошоци, не радува фактот дека сите поканети странски учесници ја прифатија поканата и учествуваа на турнирот ,што значи дека турнирот  има висок рејтинг, и е предизвик за игра со најдобри шахисти.

Но,со жалење можеме да констатираме дека нашите шахисти како од Здружението од Скопје,така и од понекое здружене членка на НССРМ,имат помал одзив.Од странските учесници имавме 8 шахисти и двајца од нив , Вулин Милорад од Белграт-Србија и Патев Петко од Бугарија, го освоија второто и трето место.На почетокот од листата , најдобар беше Тркаљанов Владимир и како последен од наградените Костадиновски Зоран  четври.Од женските учеснички најдобра беше Николава Соња.Турнирот се играше по швајцарски систем според ФИДЕ,со темпо на играч од 50 минути по играч со додаток од 10 минути по потег.Наградниот фонд изнесуваше 20.000,00 денари,поделен рамноправно помеѓу машките и женски учесници.На турнирот се доделија и други парични награди,обезбедени од школата за шахисти на “Александар Тодоровски Цанко-Ламјата“ ,и вредносни пакети од Алкалоид Скопје.Турнирскиот одбор го сочинуваа:Вулин Милорад,Велковски Зоран и Тркаљанов Владимир.Турнирот го судеше,Кочовски Иван ,со помош на судијата Оливер Органџиев.

Во неможност поради обврските на градоначалникот на град  Скопје Петре Шилегов,турнирот го прогласи за отворен Г-ѓа  Елеонора,раководител на секторот за јавни дејности од Собранието на град Скопје.

Секретар

Коцева Алтана

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/630-skopje38#sigProGalleria0dc3b69806