Доделување на тифло технички помагала во Здружението на слепите лица Кочани

1Здружението на слепите лица од Кочани на ден 21.02.2019 година во присуство на претседателот и генералниот секретар на Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија  додели прва донација од типот тифло технички помагала. Ваквиот вид на помагала се состои од Соларни аудио плеери добиена од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и истите се доделени  на 20 членови  од здружението по критериуми за вработени и потполно слепи лица. Користењето на помагалата  беше практично демонстрирано пред членовите корисници.

Секретар Гордана Велкова

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/645-kocani22#sigProGalleriae46c79e761