Социјална заштита на здруженија на граѓани

001Во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино се одржа фокус група  во организација на  Здружението на социјални работници на  Македонија  и од нивна страна беа поканети претставници од повеќе Здруженија на граѓани од Неготино и Кавадарци а кои имаат искуство со спроведување на социјални услуги на локално ниво. На фокус групата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските активности кои работат во областа на социјалната заштита . Фокус групата е дел од низата активности во рамките на проектот:,,Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита,,финансиран од Европската Унија.